За нас



Венко Шапкар

Генерален директор на Амак СП


Венко Шапкар е основач на весникот Амак Прес Охридски Новини и главен финансиер на весникот кој веќе цели 5 години го финансира Амак Прес Охридски Новини. Шапкар покрај весникот ја основа и продукциската куќа ОХ-1 која денес технички го изработува весникот. Низ децениите успешна работа во охридското стопанство покрај формирањето и финансирањето на своите, Венко Шапкар несебично финансиски ги помагал повеќето медиуми во Охрид.

Никола Манески

Прв Главен и одговорен уредник на Амак Прес


Никола Манески заедно со бизнисменот Венко Шапкар го покрена весникот Амак Прес, најпрво како гласило за вработените во Амак Сп а потоа со несебична работа, успеа да формира екипа која весникот го претвори во градски весник. Манески е доаен на охридското новинарство, а денес работи како советник за односи со јавноста во кабинетот на охридскиот градоначалник.


Ангела Белевска

Главен и одговорен уредник


Ангела Белевска е новинар кој во весникот работи на текстови од културата, културното наследство како и портретирање на охриѓани кои со својата работа го задолжиле градот, но, и на обичните граѓани кои го сочинуваат охридското секојдневие. Белевска е позната и по интервјуата кои ги направила со познати ликовни уметници, музичари и културни дејци од Македонија, а некои од нив за прв пат давале интервјуа на Ангела Белевска дури и по 11 години медиумска апстиненција.


Алан Каоу

Веб уредник на Амак Прес


Алан Каоу е раководител на АОП секторот во Амак СП и е автор и Веб Уредник на сајтот на Амак Прес. Алан Каоу соработува со весникот од самите почетоци давајќи техничка поддршка, а лансирањето на Амак Прес Охридски Новини во сајбер просторот и неговата презентација пред целиот свет е направено токму по идеја и иницијатива на Алан Каоу.


Бранислав Силјаноски

Технички уредник на весникот Амак Прес


Бранислав Силјаноски е технички уредник на весникот. Во изминатата година, на сопствена иницијатива Бранислав целосно го редизајнира и го освежи весникот. Тој ги изработува и најголем дел од рекламите кои се во него, а наскоро најавува и нови промени на дизајнот на Амак Прес Охридски Новини.


Славица Стевоска

Маркетинг агент


Славица Стевоска со својата работа го покрена маркетингот во весникот и започна да ги остварува првите приходи од реклами.